|
|
|
Heraclea Lyncestis
At the western edge of the modern city lies
the ancient one. It was situated on a low hill at the juncture of two
ancient routes, one leading from the Adriatic coast through Lychnidos
(Ohrid) to Thrace, and a second extending north-east through Pelagonija
to Stobi in the Vardar valley. The former route became the Via Egnatia
after 148 B.C. This location on important highways made Heraklea
strategically important, and it became the principal town and
administrative center of the district of Lynkestis, a fertile plain
surrounded by wooded mountains. Heraklea figured in the campaigns of
Julius Caesar during the civil wars as a supply depot, and inscriptions
of veterans who settled there date as early as the turn of the era.
Although the town is seldom mentioned in ancient literature its
importance during the Early Empire is attested by numerous private and
official inscriptions. The names of bishops from Heraklea are known from
the 4th, 5th, and 6th century. The town was sacked by Theodoric in 472
and, despite a large gift to him from the bishop of the city, again in
479. Heraklea was restored in the late 5th and early 6th century; it was
taken over by the Slavs in the late 6th century. Excavations have
revealed several sections of the fortification wall on the acropolis and
two basilicas in the main part of the settlement below to the south.
Both basilicas had well-preserved mosaics of the 5th to 6th century
B.C., depicting geometric and figured motives. Test trenches, dug in the
vicinity of the basilicas, revealed streets and parts of buildings of
the 4th-5th century. Part of the ancient theater on the slopes of the
acropolis has been excavated, but work has been concentrated in the
larger of the two basilicas found earlier. Mosaics were found in
numerous buildings near the large basilica but the most interesting of
the new mosaics, remarkable for its size and arrangement, was found in
the narthex of the large basilica. It is a rectangle (over 21 by 4.7 m)
with a broad rectangular border containing 36 octagonal panels in which
fish, water birds, and mythological figures are depicted; the panels are
linked by intricate meanders. The mosaic dates to the late 5th-early 6th
century.
Во близина на градот Битола, во подножјето
на Баба планина, се наоѓа античкиот град што датира од средината на 4.
век пред нашата ера и со својата убавина и привлечностсведочи ѕа
истрајноста и надмоќноста низ времето - HERACLEA LYNCESTIS.
Градот,
основан од Македонскиот Цар Филип II Македонски, во себе носи белези на
еден развиен воено-стратешки центар на цеверозападната граница на
тогашната македонска област Линкесида (денешно Битолско Поле).
Хераклеа, со својата повеќеслојност, сведоци за еден континуиран вековен
исторички и културен развој. Откриените споменици претставуваат доказ
дека градот бил граден, поградуван, рушен и одново граден и наградуван и
уште од неговото настанување во доцната бронзена ера, потоа
хеленистичката, римска, па се до рановизантиската епоха имал статус на
град со висок степен на цивилизација. Поради својата местоположба,
Хераклеа не можела, а да не биде изложувана на разни влијанија и струи
што доаѓале однадвор. Тоа се одразило, како врз урбаната структура на
градот, така и врз стопанска и културната организација на животот во
него. Сместена во плодна рамнина, од север заштитена од планината Баба и
реката Сива вода на југ, Хераклеа опстојала и се развила во една
значајна раскрсница на патот Биа Егнација, кој како воена сообраќајница
ги поврзувала Драч и Босфор, преку Солун на југ и Скупи, преку Стибера и
Стоби на север.
Со
јакнењето на римската власт на овие простори, во периодот на 2. век пне.
кога Македонија станува римска провинција, Хераклеа станува силен
економско- политички центар со свој постојан римски намесник и со своја
римска војска. Највисок степен на цивилизациски раѕвој на време на
римското владеење и нивната асимилаторска политика на терените на
Македонија, градот доживеал во првите векови на новата ера, кога добива
статус на колонија. Во тој период, како што сведоци еден натпис на
мермерен постамент од 3. век н.е., градот го носел името SEPTINA AURELIA
HERACLEA. Сето тоа се одразило врз изгледот на градот, така што во
голема мерка била застапена римската архитектура, иако традиционалните
влијанија и историските придобивки сé уште давале свој белег на градот.
При проучувањето и истражувањето на
локалитетот Хераклеа, откриени се остатоците од некогашниот град, при
што е направена реконструкција на неговиот изглед.
На северниот крак од форумот се наоѓа
портикот на судницата со правоаголна основа на чиј северен ѕид стојат
две статути на постаменти и еден постамент без статуа, кои како неми
сведоци ја потврдуваат величенствената историја на градот. Статуата на
Тит Флавил Орест восхитува со една спокојна убавина во своите марцијални
порпорции. На неа со грчко писмо е испишано неговото име. Младото женско
тело и вообичаените атрибути за вистина и правда - терзијата и лакот -
ја навестуваат маркантноста на Немеза, божицата на правда и судбината.
Во грчкиот натпис на ова статуа е кажано дека ова е дар од хераклејската
граѓанка Јулија Тертила. Постаментот без статуа со грчки натпис е
посветен на истата божица, а во рамка е поставен текст, стих од спевот
на Хесиод.

Дела и денови: ’Гладот и несреќите никогаш
не ги стасуваат оние главари кои преведно судат и плодовите од својот
предан труд тие ги уживаат во изобилство’, извадок што говори за
високиот степен на образованост и културна свест на хераклејците во
првата половина на 2. век од нашата ера, време на исклучителна градежна
активност, врзана со владеењето на цар Трајан.
Градењето на термата означува и раѓање на една повисока здравствена
свест кај тамошните жители. Во таа смисла, термата со право може да се
смета за првенче во подоцнежната изградба на аквадуктот и проширувањето
на воднта мрежа во 4. век. Термата располагала со три сали ѕа капење и
таа, со минимални корекции, била во употреба дури и во 5. век.
Посебно внимание на восхит буди
импозантната градба на театарот каде што генијот на искуниот градител од
тоа време, Витрубиј, бил доведен во совршенство. Хипотетичките податоци,
забележани од археолозите и историчарите на уметноста, говорат за тоа
дека почетоците на неговата градба датираат во времето на царот
Хадријан, а завршните зафати биле изведени во времето на Антонин Пие.
Повторно, по испробаниот стар рецепт од римската архитектонска кујна, се
употребени мермерот, каменот и печената тула, кои на ова монументалната
градба í даваат еден еден неповторлив изглед со впечатлива естетика. Со
откривањето на бината, се потврди двојната функција на театарскиот
објект - за сценски изведби и за претстави со животни кои биле чувани во
трите кафези. За безбедноста на гледачите бил подигнат висок ѕид од
ортостати околу орхестрата со метална ограда врз нив. Гледалиштето има
дијазома со дваесет редови седишта, а над горниот ред се наоѓал
Немезион. Почетната ложа со седишта била помеѓу третиот и седмиот ред.
Сцената се состои од пет правоаголни простории и раскошно украсена
северна фасада. Театарот бил со капацитет за околз три илијади
посетители од сите сталежи.
|

The Statue of
Tutus Flavius Orestius, a public speaker of Heraklea Lynkestis
|
Театарот во тоа време одиграл пресудна
улога во создавањето на култот на маченикот - христијанин, кој во
арената бил фрлан пред изгладнетите ѕверови. Христијаните, поткрепени од
дјабоката вера во Бога и спасение на душата, со молитва и без страв ја
примале маченичката смрт, а тој чин громогласно бил крунисуван од страна
на публиката. Крајот на третиот век до средината на четвртиот век е
време на варварски напади, време на борба меѓу носителите на
христијанската вера и нивните противници - паганите, со до верскиот мир
кога е направен и конечноиот успешен обид за примирје.
Немирите не запираат ниту во вековите што
следат. Градот ќе биде разурнат и повторно роден налик на митската птица
Феникс. Според елементите на материјалната култура, со сигурност може да
се тврди дека христијанството послободно пулсирало низ дамарите на
градот, каде што црковниот живот започнал успешно да се организира. За
тоа најдобро сведочат архитектонските остатоци од самите градби, како и
неколкуте списи на епископи од 4.век н.е. Уште една поткрепа на ова е и
натписот на фонтаната, што е во непосредна близина на театарската зграда
со името на епископот Јован, ќие име се јавува врежано и во монограмот
на еден капител во малата базилика.
На тлото на Хераклеа пронајдени се остатоци од повеќе сакрални објекти
кои восхитуваат
со
својата убавина, посебно со онаа на подните мозаици направени во опус
сецтле и во опус тессалатум, коишто претставуваат ремек дела на
панохристијанската уметнос од 5. и 6. век.
Станува збор за малата базилика (А),
цивилната базилика (Б), големата базилика (ц) и земетријалната базилика
(д) - сместена на околу 250 метри од централното градско подрачје на
Хераклеа, покрај која се откиени ранохристијански и средовековни
свавјански гробници.
Како контраст на овие раскошни градби, врз урнатините на стариот театар,
биле подигнати профани градби од камен и кал. Нивната важност е во
нивната местополоќба, што зборува за високиот степен на рационализација
на средствата и на просторот, односно за големото градежно искуство
стекнато низ вековите наназад.
Посебен интерес буди Епископската Резиденција, која има трапезоидна
форма и нејзиниот распоред е темелен на придобивките на античката
традиција. Врска помеѓу епископската базилика и останатите базилики во
средниот дел на овој антички град била остварена преку ходник на
нејзиниот источен влез. Просториите на Епископската Резиденција биле
распоредени околу централниот двор, во чие средиште се наоѓал бунар.
Патосите во сите простории на епископијата се направени во мозаици
цложени од ситни каменчиња по принципот тессалатум. Во него се среќаваат
најразновидни геометрицки шари, розети, меандри, плетенки, рибини коски,
плетен крст. Во тој декор се повторуваат мотиви од растителниот и
животинскиот свет.

Епископската Резиденција била во
употреба од 4. до 6. век од новата ера.
На страниците на историјата на овој град биле испишани само настани што
сведочат за неговата убавина и спокоен живот во него. За жал,
Хераклејците ја немале таа среќа подол пероид да ги уживаат своите
плодови. Честите и жестоки напади и понатаму продолжувале. Кон крајот на
6. век и почетокот на 7. век од новата ера, над Хераклеа, по
долгогодишните судири со аваро - словенските племиња, завладеала ера од
варварства. Така, кобната судбина на овој антички град завршила неславно
со раселувањето на нејзините граѓани на разни страни, што придонело до
згаснување на урбаниот живот во градот.
Некогаш велелепен град, сега само урнатина, Хераклеа, како и многу други
антички населби во Македонија, доживеала повторно да блесне и посведочи
за еден живот и една судбина што ја делеле многу наши предци. Сепак, и
како таква денес таа нé остава без звид и со беѕбројни мисли и воздишки.
Д. Карева -
www.culture.com.mk
|