|
|
|
Саат кула
Не се знае кога е изградена, иако во
пишаните извори се споменува уште
во
16. век, но поради отсуството на било каков опис не се знае дали се
работи за денешната Саат - Кула. Според некои податоци, Саат-Кула била
изградена во истото време кога и Црквата Св. Димитрија, а тоа е 1830
година.
До ден денешен постои едно предание 'дека турската власт во тоа време од
битолските села собрала околу 60 000 јајца и ги употребила при ѕидањето,
заедно со малтерот, и заедно да бидат поотпорни и цврсти'.
Саат - Кула има правоаголна форма која е оградена со железна ограда и на
сите страни од метална ограда е поставена по една железна конзолна
конструкција каде е поставена светлика заради осветлување на
бројчаникот.
Саат - Кула е поделена на три ката, а во најгорниот е сместен сатниот
механизам и сатните бројчаници. Новиот механизмот бил подарок од
фашистичка Германија заради одрзувањето на германските гробишта.
По својата архитектура претставува масивна градба која се состои од
ѕидови, масивни спирални скали, дрвени меѓукатни конструкции, пандантифи
и купола. При градењето на Саат - Кулата истовремено е вршено и
украсување на фасадата со поедноставна камена пластика.
Во поново време е извршена конзервација и реставрација со што не е
изменет првобитниот изглед и денес Саат - Кулата претставува еден од
најпрезентатибните споменици на културата од исламската уметност.
Клик на слика за зголемување
Извор :
www.culture.com.mk |