Archive for the 'Music' Category
The citizen of Bitola showed their sadness about the tragic death of Tose Proeski with an ocean of flowers and letters on the place “Magnolija” in the center of the city. Tose was a student at the “Sredno muzicko Uciliste” of Bitola.
Tose, Rest In Peace… We will always keep you in our hearts and our memories.
The citizen of Bitola
Македонија се прости со Тоше
Крушево /17/10/ 14:53
Македонија со плач и со аплауз се прости денеска со својот сограѓанин Тоше Проески, по што, посмртните останки беа погребани на гробиштата во Крушево.
Мега популарниот пеач, музичар, композитор и хуманист Тоше Проески на 26.годишна возраст загина вчера во сообраќајна несреќа во Хрватска, а неговото тело синоќа беше донесено во Македонија.
Проески беше погребан нешто по 14 часот со највисоки државни и црковни почести, пред десетици илјади граѓани. Претпладнето пред погребот беше оддржано опело во црквата Пресвета Богородица во Крушево, по што, посмртните останки на Проески беа поставени пред споменикот Македониум на Гумење, каде се одржа три и пол часовна церемонија на оддавање последна почит.
Пред одарот се поклонија неговите сограѓани, граѓани од други краишта од Македонија, неговите колеги од земјата и од соседството, амбасадори, претставници на политички партии и комплетниот државен врв.
Самиот чин на погребување го водеше поглаварот на Македонската православна црква(МПЦ), архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со повеќе владици на МПЦ .
Од Тоше со говори се простија владиката Петар, неговите другари, претставник на Црвениот крст на Македонија чиј член и активист беше Тоше, претставник на општината Крушево, глумицата и популарана тв водителка Весна Петрушевска како претставник од естрадата, која ги повика присутните со аплауз да се поздрават од Тоше и премиерот Никола Груевски.
Последни од Тоше се простија неговите најблиски. Проески беше погребан со почесен плотун од три истрели од Гардиската единица на АРМ и со повикување за Вечнаја памјат од страна на црковниот врв на МПЦ
На целата погребна церемонија присуствуваа десетици илјади граѓани и индиректно целата нација во Македонија и во странство, бидејќи настанот беше пренесуван преку државната телевизија на Првиот канал, на сателитскиот канал, а беше преземен и од неколку приватни телевизии со национална концесија.
Македонија денеска прогласи ден на национална жал, а Крушево прогласи тридневна жал за Тоше Проески.
Тоше Проески вчера беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.
makfax.com.mk






