Archive for August, 2007

Bitola’s major, Vladimir Taleski, welcomed a delegation of macedonian emigrants from Markham, Canada. The proudly presented their iniciative to name two streets with the names “Bitola” and “Dame Gruev”. Furthermore they talked about the opportunities about starting a town twinning.
Поголема грижа за Македонците кои живеат раселени низ светот побараа од македонската Влада, Светскиот македонски конгрес и Матицата на иселениците од Македонија.
Барањето е упатено од Традиционалната, 36-та по ред Светска македонска иселеничка средба, што денеска се одржа во потпелистерското село Трново.
„Македонците надвор од Македонија се вложија во темелите на оваа држава. Го пренесуваме нивниот глас за репатријација, поволни услови за инвестирање во татковината, остварување на безусловно право на македонско државјанство за сите Македонци во светот и за остварување на избирачкото право”, изјави Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес.
Вицепремиерот Зоран Ставревски ја истакна заложбата на Владата за остварување на правата на Македонците каде и да се во светот.
“Тоа ќе го направиме без да се мешаме во внатрешните работи на другите држави. Владата влегува во период на развиен дијалог и соработка со нашата дијаспора. Тоа е резултат не само на високата политичка посветеност, туку и на подигнување на нивото на координираност на државната администрација со цел да се излезе во пресрет на Македонците од дијаспората.”, изјави Ставревски.
Пред почетокот на традиционалната иселеничка средба панихида за сите македонски херои во црквата “Успение на Пресвета Богородица” одржа митрополитот европски г. Пимен.
Инаку прославата на Илинден во потпелистерското село Трново, во однос на изминатите години денес помина во присуство на мал број гости од земјава и странство.

